Бизнисот бара вештини и квалификации кои младите работници не ги поседуваат

65 отсто од компаниите во анализите за потребите од работна сила што ги прави Стопанската комора потврдуваат дека имаат проблем да обезбедат квалификувана работна сила.

185

Jазот меѓу вештините и квалификациите и неусогласеностa со потребите на пазарот на трудот, сè уште е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнис заедницата и младите кои влегуваат во работните процеси. Тоа го потврдуваат и 65 отсто од компаниите во анализите за потребите од работна сила што ги прави Стопанската комора.

Комората денеска на прес-конференција најави дека на 8 јули, во четврток, ќе се одржи конференцијата „Синергија на партнерите во обезбедување пазарно – ориентирано стручно образование и обука“ за подобрување на политиките за вклучување на компаниите во стручното образование и обука и постигнување синергија на партнерите во креирање пазарно-ориентирано стручно образование и обука за обезбедување стручен кадар.






– Само на таков начин ќе може заеднички да се подобри квалитетот на стручното образование и обука, да се направи релевантно на потребите на пазарот на труд и атрактивно за сегашните и за идните генерации што ќе придонесе за обезбедување стручен кадар што ќе создава производи со додадена вредност и ќе придонесе за конкурентност и економски раст и развој на државата – истакна Наташа Јаневска од Комората.

Таа потсети дека за решавање на предизвикот од несовпаѓање на вештините со потребите на бизнис заедницата, улогата на коморите и организациите на работодавачи, како здруженија за поддршка на бизнисот, е неизбежна. Потврда за тоа, рече Јаневска, се и податоците на Еурочемберс (Асоцијација на европските трговски и индустриски комори), кои покажуваат дека 80 отсто од коморите се вклучени во креирање на образованите политики и на обуката, а 48 проценти обезбедуваат стручно образование и обука.

Според неа, изминатиот период Комората спроведе низа активности, а со своите членки се вклучи и во креирањето системски документи и стандарди со кои се овозможи имплементацијата на образовниот процес и учење преку работа.

Директорот на Центарот за стручно образование и обука, Шериф Мифтари рече дека покрај соработката со образовните институции, МОН и ЦСОО, за да се постигне успех мора заеднички да се делува и со останатите комори преку процесот на платформата за јавно приватен дијалог, занаетчиската комора и организации на работодавачи.

– Секој во својот делогкруг на работење треба да дава придонес во обезбедувањето квалитетно образование и компетен кадар според напредните технолошки процеси и организациската поставеност на компаниите. Креативниот дијалог во соработката со парнерите е неопходен за решавање на проблемите, а разменетите искуства и идеи помагаат да се подобри квалитетот на образовниот процес и да се создадат квалификации потребни на бизнис заедница за креирање квалитетна и компетентна работна сила ќе придонесува за растот, развојот и зголемувањето на додадена вредност на компаниите, за одржлив економски раст и развој на земјата, привлекување на нови инвестиции и учество на глобалните пазари – рече Мифтари.

Како што беше посочено на прес-конференцијата, во интерес на креирање стручен кадар за потребите на бизнисот, компании членки на комората активно учествува во изработка на 250 стандарди на занимања, 100 стандарди на квалификации и 85 програми за квалификации за различни сектори.

Поврзани содржини