БИЗНИСОТ БАРА ПОНИСКИ ПРИДОНЕСИ Повисоката минимална плата ќе ја наруши ликвидноста на фирмите

Од Сојузот велат дек повисоката минимална плата ќе предицвика и раст на буџетите за плаќање на придонесите кај фирмите за 50 отсто. затоа бараат владата да размисли за намалување на стапките. 

596

Сојузот на стопански комори денеска предупреди дека политички мотивирано покачување на минималната плата на 18.000 денари ќе ја наруши ликвидноста на претпријатијата, ќе ја зголеми невработеноста, намалување на продуктивноста и ќе предизвика економска дестабилизација. Од Сојузот велат дек повисоката минимална плата ќе предицвика и раст на буџетите за плаќање на придонесите кај фирмите за 50 отсто. затоа бараат владата да размисли за намалување на стапките.

Од Сојузот велат дека покрај другото вкавата состојба ќе придонесе за раст на исплатата на „плата во плико“.






 Како претставници на бизнис заедницата секогаш поддржуваме зголемувањето на платите, ако тоа е последица на пазарните механизми, зголемената продуктивност на работната сила и на зголемената економска активност на бизнис секторот. Како претставници на над 20.000 компании членови на Сојузот, имаме обврска да ја предупредиме пошироката јавноста за последиците од политички мотивирано покачување на минималната плата на 18.000 денари на и онака нефункционалниот пазар на труд – вели Благоја Грозданов, член на Управен одбор на ССК.

Тој потсети дека  со претходното зголемување на минималнатап лата во фирмите е намалена продуктивноста.

– Оваа Влада пред само две години веќе еднаш направи политички мотивиран популистички бајпас на овој механизам, така што ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, нето износ. Од низата негативни ефекти кои зголемувањето ќе ги предизвика, веројатно најголем е влијанието во насока на намалување на и онака ниската продуктивност на трудот кај нас. Да потсетиме, скоро и да нема релевантен извештај на меѓународните организации присутни кај нас а кој не предупредува за екстремно ниската продуктивност на трудот – рече Грозданов.

Растот на платите, велат од сојузот на стопански комори, дополнително ќе ги зголеми трошоците на претпријатијата, кои во периодот и без оваа мерка бележат значителен раст. Зголемените трошоци може да доведат до зголемување на невработеноста, до го отежнат процес на отворањето на нови работни места но и до понатамошен раст на цените на производите и услугите кај нас. Минималната плата исто така ќе ги поттикне инфлаторните движења во македонската економија.

-Ако Владата е искрена во своите намери да помогне на бизнисот и граѓаните, треба да спроведе мерка со која ќе се намалат стапките на придонесите кои кај нас се на екстремно високо ниво. Кај нас ефективната стапка на придонеси на бруто плата изнесува околу 33 отсто, додека за споредба во Германија изнесува 27 отсто, Бугарија 19 отсто, Словенија 18 отсто, Хрватска 17 отсто. Оваа разлика реално е и поголема кога ќе се стави во однос со квалитетот на услугите кои се добиваат од државните фондови за пензиско и за здравствено осигурување. Треба и да се истакне дека на  повисоко поставена минимална плата од 18.000 денари, вкупниот трошок за работодавачите, со вклучен данок на личен доход и придонеси би бил околу 27.000 денари, однос за околу 50 отсто повеќе од самата нето плата. Од земјите во регионот Црна Гора веќе најави даночна реформа во делот на намалување на придонeсите на плата – рече Александра Андреева, член на Управен одбор на ССК.

Ваквата ситуација на среден рок ќе води и кон зголемување на сивата економија и ќе ги принуди дел од работодавачите во борбата за гол опстанок повторно да ја воведат на праксата на „плата во плик“.

Поврзани содржини