БИЗНИСМЕНИ Ѝ СЕ ПОЖАЛИЈА НА АРСОВСКА Има многу метеж, патиштата се лоши, нема улично осветлување

. Како што им помагав на сите фирми волонтерски што ги водев, така ќе продолжам и понатаму, затоа што ги знам и разбирам сите овие работи и како градоначалник на Скопје нема да дозволам да не можете да завршите работа за вашите фирми - им порача Арсовска на стопанствениците.

1,295

Добро ми се познати проблемите и препреките со кои се соочувате при водењето на вашите фирми. Ако некој ве разбира тоа сум јас и ќе се борам за вашите интереси како да сум дел од фирмата, затоа што знам колку е тешко во денешни услови и во град каков што моментално е Скопје, да се работи, да се води фирма и да се обезбеди егзистенција за вработените, истакна независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на денешната средба со сопственици на индустриски објекти во општина Аеродром. 

– За секој проблем има решение и начин како фирмата да продолжи да расте и да се развива. Едно такво решение е 24часа достапна општинска канцеларија за сите ваши потреби, да завршувате работа без губење време и непотребни чекања. Како што им помагав на сите фирми волонтерски што ги водев, така ќе продолжам и понатаму, затоа што ги знам и разбирам сите овие работи и како градоначалник на Скопје нема да дозволам да не можете да завршите работа за вашите фирми – им порача Арсовска на стопанствениците.






Тие пак, истакнаа дека потребни се добри сообраќајни решенија, не можеме да стигнеме до тука, се прават недогледни колони и метеж насекаде, автобускиот превоз што ги носи вработени е спор и нередовен.

– Сето тоа се одразува врз нашата работа и врз функционирањето на фирмите – ги истакнаа стопанствениците своите проблеми. Уште додадоа дека нефункционална инфраструктура, лошата патна поврзаност со другите делови на градот, комуникациските врски, се клучните точки поради кои последици трпат малите и средни фирми.

Тие, пред кандидатката за градоначалник уште се пожалија дека нема осветлување по улиците и покрај тоа што плаќаат иста комунална такса како сите, а и не се чисти доволно.

Поврзани содржини