Вицепремиерот Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, денеска во Секретаријатот за европски прашања ја прими донацијата тестови SARS-COVID19 за дијагностицирање на вирусот ковид-19, информира Секретаријатот.
Донацијата ја обезбедија претприемачите Лазим Дестани од компанијата „Еколог”, Назми Виќа од компанијата „АББРУЧ AWR” и Ремзи Ејупи од компанијата „Еврокоха”. Тестовите се наменети за Институтот за јавно здравје и ќе бидат веднаш ставени во функција.
– Искрена благодарност до целата бизнис заедница за континуираната поддршка во справувањето со ковид-19, секако посебна благодарност и за Дестани, Вика, и Ејупи за денешната донација, која претставува значајна поддршка во справувањето со пандемијата – истакна Османи за време на предавањето на донацијата.
Претставникот на донаторите при средбата истакна дека ова е само мал придонес во борбата на државата со светската пандемија, со надеж за поттик на другите претприемачи да се придружат на овие хуманитарни активности