БИЗНИС ПАРТНЕРОТ НА ЗАЕВИ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА Кај струмичкиот бизнисмен се пронајдени дијаманти, но какви „скапоцености“ се кријат во запленетите компјутери?

Од тоа што во моментов е познато е дека е одземена огромна документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми.

6,752

Дијаманти, даночни затајувања, пари во кеш, двојни уплати… Сето ова ги затекна државните институции по извршениот претрес во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој важи за близок пријател на експремиерот Зоран Заев.

При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата.






Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), откриени биле и косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.

Покрај дијамантите, пронајдена била и поголема сума на пари во кеш која наводно ја чувал неговиот магационер во Скопје.

Според наши извори од МВР, во акцијата одземени се мобилни телефони, лаптоп компјутери и друга дигитална опрема, па следниот чекор е да се направи дигитална форензика со цел да се дознае како точно се одвивале шемите.

– Пронајдени се дијаманти. А зошто токму дијаманти? Затоа што кога работите со црни пари, тие мора да ги вложите во некаква инвестиција. Во таков случај обично се купуваат недвижнини, злато или дијаманти. Но, сè уште е премногу рано, можно е да излезат и некои поинтересни работи во иднина. Засега, запленети се мобилни телефони, компјутери и екстерни хард-дискови, па наскоро ќе биде извршена дигитална форензика и дури тогаш ќе имаме увид во тоа што се случувало. Во моментов само се собрани материјалите, ставени се во кутија и запечатени се кутиите – брифираат од МВР.

Удар врз струмичката „империја“

Неофицијално, во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и на Управата за јавни приходни (УЈП), кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и во Гостивар.

Од тоа што во моментов е познато е дека е одземена огромна документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми.

Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра. На неколку локации можело да се забележи и присутвото на лица за кои се мислеше дека и понатаму ќе бидат недопирливи за инситуциите на државата.

Наводно се работи за афера тешка неколку десетици милиони евра, а акцијата е насочена кон Крмзов кој е близок до семејството на експремиерот. Под полициска опсада е и позната Вила парк – Струмица.

Во овој случај се очекува и расплеткување на клопчето со проневерите на Еуростандард банка. Акцијата е во тек, а институциите кои ја кординираат акцијата се Министерство за финансии, Основото јавно обвинителство (ОЈО) и Министерството за внатрешни работи (МВР).

Акцијата е успешна!

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска јавно упати благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, како и до другите институции, а даночната акција во Струмица ја прогласи за успешна.

Сознанијата се дека акцијата се одвивала главно на територијата на Струмица, а детали нема, бидејќи станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна.

„Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија. Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Царинската управа кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП. Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ. Продолжуваме посветено и одговорно за доброто на сите!“,порача министерката на социјалните мрежи.

По доставено известување од страна на МВР за сознанија до кои дошла УЈП, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти, соопшти попладнево ОЈО ГОКК.

Кај се парите од Еуростандард банка?

Сопственикот на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски, уште пред две години обвини дека банката е коднесена во стечај наменски во време на техничката влада на Оливер Спасовски, а дека парите завршиле кај луѓе блиски на експремиерот Заев.

– Сатарот го направи Народна банка без да ги искористи сите механизми кои ги има на располагање за санирање на банката. Тоа беше направено во време на техничката влада на Оливер Спасовски, по завршувањето на вонредната состојба, кога практично не можевме нормално да работиме – рече Костовски.

Тој изрази жалење што на оваа прес конференција биле поканети неколку институции како Антикорупциска комисија, Финансиска полиција, неколку партии, но никој не се одѕвал на поканата.

Тој рече дека нарачал истрагата со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. На прашањето дали има сознанија каде завршувале парите што биле земени како кредити без покритие, тој рече:

– Најголем дел завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов, кои се 18-19-20 на број и се занимаваат со од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката – рече Костовски.

Тој алудираше на познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, но рече дека сонего немал никаква врска.

– За Крмзов и неговите фирми и отвореноста на банката кон неговите фирми разбрав во последните дванаесет месеци пред самиот стечај. Сѐ уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка. Дали блискоста на Петкоски со тогашниот премиер на Владата, Зоран Заев, беше повод за масовна поддршка на секој бизнис од Крмзов, бидејќи бил близок до премиерот Заев како човек и бизнисмен? Секако тука влегуваат повеќе фирми од Струмица блиски до СДСМ. Фирмата „Галафарм“ Скопје, исто така, е секаде присутна во таканаречените позајмици на средства што се одлевале од банката. Тие траги на одлеани пари сѐ уште не се детално откриени – рече Костовски.

Полн камион со шверцувана роба

Пред четири години се пишуваше дека постојат сомнежи за шверц на роба од фирмата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов.

„Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камион во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку ‘Винекс текстил’ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата“, тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини