„Бизнис инсајдер“: Фејсбук погрешно ги филтрира објавите за Ковид-19

Фејсбук не одговори иако беше запрашан од „Бизнис инсајдер“.

249

Голем број корисници на социјалните мрежи вчера се пожалија дека Фејсбук ги блокира нивните легитимни статии и медиумски содржини за новиот коронавирус, објави „Бизнис инсајдер“, додавајќи оти најверојатно станува збор за „баг“ (грешка) во филтрите за „спам“ на Фејсбук.

Корисниците на Фејсбук вчера на Твитер објавија дека не се во можност да објават статии и содржини за Ковид-19 од „Бизнис инсајдер“, „БазФед“, „Атлантик“ и „Тајмс оф Израел“.






Фејсбук не одговори иако беше запрашан од „Бизнис инсајдер“.

Весникот наведува дека поради новиот коронавирус голем број модератори на Фејсбук се испратени дома и социјалната мрежа се потпира на автоматизираните програмски алатки.

Поврзани содржини