БИЗАРНО За да се задоволи „правдата“, обесена откако претходно починала од срцев удар!

Шеријатскиот закон дозволува казна „око за око“, односно го признава правото на жртвата или на семејството на жртвата на одмазда.

1,042

Иранка, која починала од срцев удар пред да биде погубена за убиство, сепак била обесена, за да ѝ се даде правото на мајката на жртвата да ѝ го тргне столчето под нозете, пренесува „Дејли мејл“.

Извесна Захра Исмаили била осудена за убиство на нејзиниот сопруг, ирански разузнавач, кој наводно ги малтретирал и неа и нивната ќерка.






Осудената, мајка на две деца, додека чекала да биде погубена во редот за егзекуција, зад 16 осудени мажи, доживеала срцев удар.

Но, и покрај тоа што таа веќе била мртва, егзекуторите ја подигнале на скелето и ѝ ставиле јамка на вратот, за да може свекрвата да ѝ го тргне столчето под нејзините безживотни нозе.

Шеријатскиот закон дозволува казна „око за око“, односно го признава правото на жртвата или на семејството на жртвата на одмазда. Но, дури и според иранските стандарди, масовното погубување на 17 лица во ист ден е невообичаено.

Во Иран, смртна казна со бесење се добива и за ненасилни злосторства, како што е шверцот на дрога.

Фото: Фејсбук

Поврзани содржини