БИЗАРНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО БЕЛГРАД 80-годишен дедо си ја изгризал 74-годишната сопруга, со забите ѝ нанел сериозни повреди

Во објавата на „Блиц“ е наведено дека жената се здобила со сериозни повреди на градите, а ова не му било првпат на дедото на ваков начин да ја малтретира сопругата.

597

Бизарна сцена денеска се случила на улицата Џорџ Вашингтон во Белград кога 80-годишен дедо си ја изгризал 74-годишната сопруга, пишуваат српските медиуми.

Во објавата на „Блиц“ е наведено дека жената се здобила со сериозни повреди на градите, а ова не му било првпат на дедото на ваков начин да ја малтретира сопругата.






Поради сериозноста на повредите, веднаш била повикана Брза помош и жената била префрлена во болница на лекување.

– На повик на полицијата интервениравме на таа адреса поради повреди здобиени од семејно насилство – изјавиле од Брзата помош за „Блиц“.

Од српското Министерство за внатрешни работи засега не откриваат детали за инцидентот.

Поврзани содржини