Менаџерот на музичката група „Ролинг стоунс“, Мик Бригден почина на 73-годишна возраст од повреди здобиени додека го копал гробот за своето штотуку угинато куче на имотот во Санта Клара, Калифорнија.
Сопругата на Бригден, Џулија Дреер Бригден, ја соопштила тажната вест и притоа рекла дека менаџерот по несреќата веднаш бил однесен во болница, каде што и покрај напорот на лекарите да го спасат, тој починал. Во болницата им подлегнал на повредите на 5 септември.
– Беше многу организиран. Затоа беше толку добар во својата работа – рекла Џулија.
Мик е роден во Англија и е познат по неговата соработка со еден од најпопуларните бендови во светот, „Ролинг стоунс“, потоа музичарите Боб Дилан, Ван Морис, Карлос Сантана и многу други.
На почетокот на кариерата бил графички дизајнер и работел во Канада, но, брзо сватил дека не е за таа професија, па по средбата со фронтменот на групата на Mountain, Феликс Папаларди, тој почнал со менаџерството.
ФОТО: Јутјуб