Контроверзниот богаташ и сопственик на ноќен клуб Мајк Езе-Нвали Нвогу, познат како Убавиот Мајк, ја изненади јавноста откако тој дојде на венчавката на пријател во Нигерија со шест трудници. За да биде уште почудно, тој изјави дека сите жени забремениле од него.
Со 250.000 обожаватели на социјалните мрежи, тој сподели свадбени фотографии со сите шест девојки кои биле слично облечени.
– Ова не е филмски трик. Ние само живееме одличен живот – рекол Убавиот Мајк и истакна дека сите се среќно семејство. Неговите придружници под фотографијата напишаа дека не им е јасно што се случува во неговиот живот.
„Јас сум збунета“, прокоментира нигериската актерка и режисерка Етинос Идемудиа.
Веќе претходно, богаташот тврдеше дека има повеќе љубовни партнерки истовремено. Минатата година позираше со пет жени и рече дека сега мора да се ожени со двете поранешни девојки и трите сегашни.
– Сите имаме соништа и фантазии – рекол тој.
Пред три години, според извештаите на нигериските медиуми, Мајк бил уапсен затоа што девојките ги ставил во синџири и ги шетал на поводник. Потоа тој потпиша изјава дека повеќе нема да прави понижувачки и деградирачки акти врз жените.
ФОТО: Инстаграм