БИЗАРНО Апарат за слабеење: За две недели, шест килограми помалку (ФОТО)

652

Стручњаците од Универзитетот Онтаг во Нов Зеланд измислија нов начин кој помогнат во слабеењето – заклучување на вилицата. Апаратот „Стоматолошка диета контрола“ користи магнети кои се „зацементирани“ за задните заби и спречуваат отворање на устата повеќе од 2 милиметра.

Пронаоѓачите велат дека средството е ефикасно бидејќи го ограничува оној што го носи на консумирање исклучиво течна храна, а не го попречува говорот и не го ограничува дишењето.






Како што наведуваат, учесниците во студијата го носеле апаратот две недели и изгубиле во просек 6,36 килограми. Тоа дополнително ги мотивирало да продолжат да слабеат.

Учесниците рекле дека доживеале „повремена непријатност“ и дека имале „проблеми со изговарањето на некои зборови“.

Апаратот го става стоматологот на горните и долните задни заби. Во прашање се магнети со специјални катанци. Во итни случаи тие можат да се отклучат.

Меѓутоа, апаратот предизвика големо негодување кај луѓето на интернет, како и организацијата за борба против дебелината, кои тврдат дека со ваквиот апарат се поедноставува овој сериозен проблем.

Сепак, новозеландскиот професор Пол Брантон истакнува дека апаратот е ефикасен и безбеден за луѓето кои се мачат со дебелината и дека не е скап.

Во соопштението појаснето е и дека ова е апарат може да биде особено корисен за пациентите кои мора да ослабнат пред да се подложат на операција на намалување на желудникот и на пациентите со дијабетес кај кои слабеењето  може да започне со ремисија.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини