Бизарна забуна на Твитер: Наместо од Марадона, се простуваат од Мадона ФОТО

551

Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона почина вчера на 60-годишна возраст. И додека светот се простува од фудбалската легенда, на Твитер дојде до голема конфузија меѓу корисниците на таа социјална мрежа.

Некои сфатиле дека познатата пејачка Мадона починала. Откако медиумите ширум светот ја објавија смртта на легендарниот Диего Марадона, не требаше многу за корисниците на Твитер да се збунат.






Имено, поради неговото презиме, некои помислија дека починала 62-годишната пејачка Мадона. Наскоро, збогувањето со пејачката започна да „кружи“ на социјалната мрежа.

„Почивај во мир Мадона“, „Никогаш нема да те заборавиме“, „Зборовите не можат да опишат како се чувствувам во моментот“, „Засекогаш ќе бидеш во нашите срца“, се само дел од твитовите.

Некои корисници, пак, веруваат дека „милениумците“ се виновни за сè затоа што не знаат кој е Диего Марадона.

Како што се очекуваше, на сметка на бизарната грешка, на интернет се појавија и бројни шеги.

„Ударна вест: „На 62-годишна возраст, американската пејачка и „кралица на попот“ Мадона, беше пронајдена жива во својата куќа“, е еден од коментарите.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини