БИЗАРНА СЛИКА ОД КАБУЛ Додека илјадници чекаат да бидат евакуирани, некој успеал да си го спаси автомобилот (ВИДЕО)

На аеродромот во Кабул е вистински хаос и ништо не функционира, луѓето се туркаат себеси, умираат во стампедо, на почетокот дури се врзуваа за авиони и паднаѓаа на земја.

2,097

Необичен детал може да се забележи во видеото што го објави Скај њуз од Кабул. Додека илјадници луѓе чекаат спасувачки лет од главниот град на Авганистан, а рокот за евакуација што го поставија талибанците истекува, некој усепал во авионот да го качи својот автомобил.

Американците и нивните сојузници се обидуваат да евакуираат илјадници Авганистанци откако талибанците ја презедоа земјата. Крајниот рок за евакуација е 31 август, а талибанците се закануваат дека нема да го продолжат рокот и присуството на Американците ќе го разберат како продолжение на окупацијата.






На аеродромот во Кабул е вистински хаос и ништо не функционира, луѓето се туркаат себеси, умираат во стампедо, на почетокот дури се врзуваа за авиони и паднаѓаа на земја.

Покрај тоа, некој ги напаѓа сојузниците, се пука кај аеродромот, а талибанците велат дека не се тие.

Постои уште една слика која ни изгледа навистина чудна и тоа во најмала рака. Сликата е всушност дел од видеото објавено од Скај њуз.

Внатрешноста на авионот со кој се транспортираат бегалците од Авганистан. За тоа место во авионот, луѓето буквално се тепаат, кршат и газат.

Тоа е место за спас. А во авионот – лимузина?!

Тешко е да не се забележи дека наместо овој автомобил, уште 20, 30, ако не и 50 луѓе лесно би се сместиле во авионот.

Моментот кога може да се погледне автомобилот внатре во авионот е во 3:55 од видеото.

Поврзани содржини