БИЗАРНА НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА Загина сопатник кој ја подал главата низ прозорец и удрил во сообраќаен знак
Од здобиените повреди Ж.В. кој бил пренесен во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад утрово околу 10 часот починал.
Во околината на Перлез, Србија се случила бизарна сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот.
Синоќа околу два часот по полноќ, на патот Перлез-Книќанин, додека управувал со автомобилот, С.Т., излегол од коловозот, а во тој момент неговиот сопатник Ж.В. ја извадил главата низ прозорецот и со глава удрил во сообраќаен знак.
Од здобиените повреди Ж.В. кој бил пренесен во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад утрово околу 10 часот починал.