БИЗАРНА КРАЖБА ВО БИХ Дошол со Мерцедес и украл влечки (ВИДЕО)

Порталот Klix.ba пишува дека сопственикот на објектот го пријавил делото во полиција, но дека му рекле дека „делото е незначително“ и дека „не можат да поведат постапка“.

436

Прилично бизарна кражба се случила во населбата Влашково во Илијаш, град во близина на Сараево, во Босна и Херцеговина. Имено, мажот среде бел ден застанал пред куќата, се прикрал во дворот и им ги украл влечките на домаќините.

Работата да биде уште пострашна, крадецот се упатил до куќата со комбе Мерцедес, што ги прави неговите постапки уште помистериозни.






Порталот Klix.ba пишува дека сопственикот на објектот го пријавил делото во полиција, но дека му рекле дека „делото е незначително“ и дека „не можат да поведат постапка“.

Тие пишуваат и дека не се знае од кои причини мажот ги украл влечките и дали можеби само сакал да се пошегува со сопствениците на куќата.

Поврзани содржини