БИЗАРЕН МОДЕН ДЕТАЉ НА ЛИЦЕТО Анџелина Џоли се појави со златна алка на усните (ФОТО)
Најголемо внимание привлекло едно необично парче накит кој ги спојува устата и брадата, односно вратот.
Анџелина Џоли (46) со своите деца присуствувала на промоцијата на филмот „Вечност“ во Лос Анџелес во кој ја глуми воинката Тена.
Интересно, токму во комбинација инспирирана од воините се појавила и на црвениот тепих.
View this post on Instagram
Актерката облекла светло кафеав фустан со богати набори, но со разголено деколте и раце. Под фустанот носела панталони. Со помош на накитот – белегзии, прстени и обетки го заокружила целиот изглед.
Сепак, најголемо внимание привлекло едно необично парче накит кој ги спојува устата и брадата, односно вратот, поради што поедини модни магазини ја опишале како „Анџелина од логорското племе“.
View this post on Instagram
Освен Анџелина, внимание привлекла и ќерката Захара која носела фустан од мајка си.
Се појавила во сребрен фустан кој актерката го носела на доделувањето на Оскарите во 2014 година со потпис на „Ели Саб котур“.
„Сите мои деца комбинираа винтиџ модни парчиња, тука е и мојот стар фустан од доделување на Оскарите. Сите сме винтиџ и ги аплициравме сите мои стари работи“, објаснила Анџелина за „ET“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм