Актерот Дејвид Аркет, поранешниот сопруг на Кортни Кокс, призна дека се расплакал по првиот секс со друга жена, што следувал по разводот со ѕвездата на серијата „Пријатели“, со која помина 11 години во брак.
Нивниот брак траеше од 1999 до 2010 година, а годишнината од разводот се навршува оваа недела. Во интервјуто кое 49-годишниот Аркет го дал кратко по разводот, открил дека доживеал нервен слом, борејќи се да ја заборави интимноста што ја делел со поранешната сопруга.
Во разговорот со водителот Хауард Стерн, Аркет раскажал дека обидот да води љубов со друга жена за него тогаш била сосема „нова работа“.
Плачел по сексот со новата девојка
– По првата девојка со која спиев… Неколку дена подоцна… Плачев. Тоа беше крајот на сите интимности што ги делев со сопругата. Тоа беше нешто ново. Се чинеше како сѐ од претходно да сум тргнал настрана – искрено рекол Аркет, а другата жена за која зборува е веројатно келнерката Јасмин Валц.
Иако Кортни Кокс и Дејвид Аркет објавија дека се разведуваат во 2010 година, нивниот развод беше финализиран дури во 2013 година, а самата вест за крајот на нивниот брак предизвика шок во светот на шоу-бизнисот. Поранешните сопружници од тој момент тргнаа секој по свој пат, но останаа во пријателски односи, пред сѐ, поради нивната сега веќе 16-годишна ќерка Коко.
Отворена врска
Во разговорот, Аркет отворено зборувал и за тоа како тој и Кокс биле сѐ помалку интимни во тоа време, што на крајот и довело до распад на бракот. По разводот, тој исто така во интервјуто за Стерн, објаснил со зборовите:
„Ние немавме односи, поминаа околу четири месеци или повеќе. Таа едноставно не сакаше да се зближува на тој начин. Со тоа ме уништуваше, а со тоа ми порача и да „правам сѐ што мислам дека треба“. Всушност, таа ми рече дека сум слободен да се гледам со други“.
Поранешните сопружници, во тоа време, го завршија бракот со заедничко јавно соопштение.
„Се согласивме привремено да се разделиме и тоа трае веќе извесно време. Задоволни сме од границите што си ги поставивме еден на друг во текот на периодот на разделбата и се надеваме дека нашите пријатели, семејството, фановите и медиумите исто така ќе ни покажат почит, достоинство, разбирање и љубов во ова време“, објавија Кокс и Аркет.
ФОТО: Јутјуб