Битолско чоколадно млеко со 10 витамини: Прво чоколадно млеко за сите возрасти

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, кое потпирајќи се на веќе познатото Битолско млеко со 10 витамини оваа година разви портфолио и во категориите јогурт и сладолед.

465

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од Битолска млекара. Првото чоколадно млеко со 10 витамини е со исклучително збогатен состав што го прави посебно корисно за децата и нивниот правилен раст и развој. Витамините А, Д, Е и витамините од групата Б се избрани затоа што се посебно корисни за поттикнување на имунолошките функции, за цврсти коски, здрави заби, подобар вид, здрава кожа и коса.

– Следејќи го брзиот раст и развој на своите деца, родителите секогаш се во потрага по начини како да ги надополнат потребите на своите најмили, барајќи совршено балансиран производ, истовремено хранлив и вкусен, кој ќе го вклопат во добрата забава и квалитетното поминато време со своето семејство. Навистина сум горда на портфолиото Битолско чоколадно млеко со 10 витамини кое е одговорот токму на оваа потрага на родителите, на уште еден начин, со вкусно и хранливо млеко да го поттикнат психофизичкиот развој на децата – изјави Полексена Јанкуловска, Маркетинг менаџер во Млекара А.Д. Битола.






Чоколадното млеко со 10 витамини, во својот состав ги спојува млечните протеини, калциумот и најнеопходните витамини во сооднос што е адекватен за дневните потреби кај сите возрасти, особено кај децата. Детскиот млад организам има постојана потреба од витамини и минерали, и затоа потребно е да се погрижиме да внесат доволно квалитетни и здрави состојки преку целиот ден.

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, кое потпирајќи се на веќе познатото Битолско млеко со 10 витамини оваа година разви портфолио и во категориите јогурт и сладолед. Достапно е во пакувања од 250ml, 500ml и 1l.

За повеќе информации околу производите и витамините, проверете на следниот линк.

Поврзани содржини