БИТОЛСКИ ЈОГУРТ И МЛЕКО НАЈПОЗНАТИ БРЕНДОВИ Потрошувачите се изјаснија во истражувањето на Инсајдер ИД

108

Инсајдер ИД трета година по ред анализира кои се најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија. Истражувањето се базира на мислењето на потрошувачите во однос на тоа кој е најпознат бренд без разлика дали активно го консумираат. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.250 активни потрошувачи во Македонија за 17 различни категории производи.

Во македонските маркети се нуди широк асортиман на млечни производи особено во категориите млеко и јогурт. Позиционираните производи се соочуваат со голема конкуренција. Тие најчесто се обидуваат да ја надминат конкуренцијата преку позиционирање на брендот на повисоко ниво со цел да биде првиот избор кај потрошувачите. Многу често само брендот нема пресудно влијание, бидејќи од голема важност се и цената и квалитетот. Брендот го застапува квалитетот и сѐ што е вклучено во еден производ. Од претходните истражувања до Инсајдер ИД, тоа што е клучно за еден бренд е да биде континуирано позициониран на полиците.






Постојаната диверзификација овозможува дополнително зголемување на пазарот и задоволување нови барања. Во оваа категорија е застапено и млеко без лактоза, свежо млеко и други нови производи што се очекува да имаат сѐ поголемо учество во вкупната продажба. Во крајна линија категориите млеко и јогурт се значително интензивни од аспект на конкуренција и број на позиционирани брендови.

Во однос на конкуренцијата на пазарот, важно е да се напомене дека потрошувачите споменале вкупно 15 домашни и странски брендови во категоријата „Млеко“ и категоријата „Јогурт“. Во првата категорија „Млеко“, потрошувачите со 68% имаат избрано бренд од домашна компанија, додека пак 32% од странска компанија, во однос на тоа каде се произведува. Во категоријата „Јогурт“ повторно поголем процент од потрошувачите имаат избрано домашен наспроти странски бренд со 81% наспроти 19%.

И во двете категории повторно првата позиција ја заземаат брендовите на Битолска млекара, Битолски јогурт и Битолско млеко како најпознати брендови за македонските потрошувачи. Нивната позиција е стабилна на нашиот пазар и нема значајна промена во однос на истражувањата од изминатите две години. Тие бележат високо учество од 54% односно 46% од вкупно обработените резултати во двете категории. Достигнување на учества од над 50% во високо интензивни категории, посочува доминантна позиција на пазарот.

Во овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2022 година“ се опфатени категориите: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана вода, Негазирана вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) кафе, Природни сокови и Сончогледово масло.

За повеќе информации или за нарачка на извештаите за „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи може да добиете преку електронската адреса [email protected], или телефонскиот број +389 71 210 471.

Поврзани содржини