„ИМЛЕК“ ПРЕЈДЕ ВО РАЦЕТЕ НА ДВАЈЦА СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ Зделката ќе се затвори во првиот квартал во 2026 година

Се очекува трансакцијата да се затвори во првиот квартал од 2026 година, под услов да се исполнат стандардните регулаторни одобренија и условите за затворање.

183

Српските бизнисмени Андреј Јовановиќ, преку фондот AJFH како водечки инвеститор и Бојан Радун, генерален директор на „Имлек“, потпишаа договор за заедничко купување на компанијата „Имлек“ од претходниот сопственик, фондот MidEuropa.

Како што е наведено во соопштението, компанијата „Имлек“, со седиште во Падинска Скела, поседува и две млекарници во Северна Македонија и Босна и Херцеговина, со најсовремени производствени капацитети и купува млеко од повеќе од 3.500 земјоделци, преработувајќи речиси 400 милиони литри сурово млеко годишно.






– „Имлек“ е извонредна компанија со долга традиција, силни брендови и исклучителни луѓе. Во партнерство со Андреј Јовановиќ, сигурен сум дека можеме да оствариме дополнителна вредност и дополнително да ја зајакнеме позицијата на „Имлек“ како најсигурен бренд за млечни производи во Србија и регионот – изјав Бојан Радун, извршен директор на „Имлек“.

Се очекува трансакцијата да се затвори во првиот квартал од 2026 година, под услов да се исполнат стандардните регулаторни одобренија и условите за затворање.

Минатата година, „Имлек АД“ вработи 825 работници и оствари деловен приход од 280 милиони евра. Нето добивката на компанијата минатата година изнесуваше 13,1 милиони евра.

Андреј Јовановиќ е коосновач и поранешен сопственик на компанијата „Марбо Продакт“, водечки производител на грицки во Србија, која подоцна ја презеде PepsiCo. Подоцна, тој беше генерален директор и ко-сопственик на групацијата My Brands, во која беа вклучени Bambi, Knjaz Miloš и Imlek. Јовановиќ е и претседател на одборот на директори на Имлек. Тој беше и ко-сопственик на Директна банка, која подоцна беше преземена од АИК банка заедно со Евробанк.

Бојан Радун, кој е на чело на Имлек од 2018 година, има повеќе од две децении искуство во индустријата за широка потрошувачка, вклучувајќи ги и позициите извршен директор на Бамби и Нектар, еден од најважните производители на сокови, каде што е и значаен акционер. Радун е и претседател на надзорниот одбор на Хортекс, истакнат производител на замрзната храна и сокови во Полска.

„МидЕвропа“ е фонд кој во Србија беше сопственик на компаниите во рамките на „Мај Брендс“ – „Бамби“, „Књаз Милош“ и „Имлек“. Фондот претходно ги продаде брендовите „Бамби“ на „Кока-Кола“ и „Књаз Милош“ на „ПепсиКо“, а сега го продаде и „Имлек“.

Поврзани содржини