БИТОЛЧАНКА СИ ИЗГРЕБА „ФОРД КУГА“ После штипска пастрмајлија се почестила со инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија

Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене - сподели К.Т. со насмевка.

48

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил „форд куга“ од инстант лозот „Титаниум“.

– Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене – сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е само автомобил — таа е симбол на верба, упорност и радост.






Сè започнало како обичен ден — еднодневна екскурзија до Штип, со пријателка. Прво посетиле манастир во околината, потоа уживале во традиционална штипска пастрмајлија, а кратката прошетка низ градот ги донела до продажното место „Студио 25 Продукција – 5“ во срцето на Штип. Токму таму, К.Т. купила неколку инстант лозови, меѓу кои и добитниот „Титаниум“.

– Случајно застанавме пред продажното место на Државна лотарија и решив да си купам инстант лозови, бидејќи игрите на среќа се дел од моето секојдневие, како и во моето семејство. Кога го изгребав лозот и станав свесна за добивката — нов автомобил — почувствував, радост и возбуда што тешко можам да ги опишам – раскажува К.Т.

Оваа добивка не е прва во нејзиното семејство. Пред извесно време, нејзиниот син освоил парична добивка од 10.000 денари, исто така, од инстант лоз. Семејството редовно ги уплатува своите среќни броеви на ЛОТО 7 преку loto.mk, а секое коло носи нова возбуда и надеж.

– Играм со години, од љубов кон играта. Тоа е ритуал, момент на возбуда, надеж и забава. А сега, кога среќата навистина ми се насмевна, чувството е неверојатно – додава таа.

К.Т. е доказ дека среќата не прашува каде си — таа доаѓа кога најмалку очекуваш. Од Битола до Штип, од прошетка до добивка, нејзината приказна е инспирација за сите што веруваат во среќата.

Нејзината порака до сите играчи на игри на среќа: „Среќата е насекаде околу нас, треба само да ја пронајдеме“.

– Државна лотарија продолжува да ги радува своите играчи со добивки што носат насмевки, возбуда и нови почетоци. Инстант лозот „Титаниум“ е само еден од многуте начини преку кои среќата може да ви затропа на врата – додаваат од компанијата.

 

Поврзани содржини