БИТОЛЧАНКА ПОЧИНА НА СВЕТИ СТЕФАН ВО ЦРНА ГОРА Загубила свест додека пливала

Екипата за итни случаи пристигнала на местото на настанот, но обидите за реанимација биле залудни.

561

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако ѝ се слошило во морето додека пливала.

Ова за црногорски Вијести го потврдиле од полицијата во Будва, кои спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство.






Како што пренесуваат, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а ѝ се слошило додека пливала во плиткото, во морето.

Екипата за итни случаи пристигнала на местото на настанот, но обидите за реанимација биле залудни.

Инаку, жената била долгогодишен срцев пациент.

Поврзани содржини