Битолчанка и прилепчанка вчера пријавиле во полиција дека биле нападнати од нивните сопрузи, соопшти СВР Битола.
34-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг С.Ј.(34) физички ја нападнал, додека 39-годишна жена од Прилеп пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.
Полициски службеници од Демир Хисар го привеле М.С.(38) од демирхисарско село затоа што физички го нападнал неговиот 65-годишен татко. Лицето било предадено во психијатриска болница.