БИТОЛЧАНИ УДРИЈА ПО ПОЛИЦИЈАТА Сопружници истепале полициски службеник
Во два изолирани случаи во ист ден во Битола и во битолско се нападнати полицски службеници кои извршувале службена должност.
44-годишен битолчанец и неговата сопруга вчера се приведени поради физички напад на полициски службеник и агресивно однесување кон други полициски службеници на должност. Во друг случај во текот на истиот ден полициски службеници биле цел на напад и во битолското село Кравари.
„На 01.05.2024 во 23.50 часот на ул.„8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(44) од Битола затоа што тој и неговата сопруга физички нападнале еден полициски службеник и агресивно се однесувале кон други полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 01.05.2024 во 22.00 часот пред угостителски објект во с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Т.(47) од с.Кравари затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.