БИТОЛЧАНИ ПОКАЖАА ЗАБИ, АМА ДОЦНА Киелце ја однесе победата

Битолчани стартуваа лошо, во првите 17 минути постигнаа само два гола, а во 22 минута, гостите од Полска имаа и највисока предност од осум голови, или 11:3. Сепак првото полувреме заврши со 14:8, а во второто резултатската предност на гостите почна значително да се намалува.

223

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да направат изненадување во шестото коло од европската Лига на шампионите и загубија со 24:21 од полски Киелце.

Битолчани стартуваа лошо, во првите 17 минути постигнаа само два гола, а во 22 минута, гостите од Полска имаа и највисока предност од осум голови, или 11:3. Сепак првото полувреме заврши со 14:8, а во второто резултатската предност на гостите почна значително да се намалува.






Во периодот од 44 до 57 минута, водството на Киелце беше само еден разлика (15:16/18:19/21:22), но тоа беа последните обиди на домашниот тим да приреди изненадување.

На крајот поискусниот гостински тим, предводен од Карачиќ, Душебаев и Олејченко кој постигна пет голови, ги освои бодовите во полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Дебито на Бранислав Ангеловски на тренерската клупа на Еурофарм Пелистер беше резултатски неуспешно.

Поврзани содржини