БИТОЛЧАНИ, НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА НАВОДНИ СООБРАЌАЈКИ! Повторно кружат измами со несреќи на роднини

432

СВР Битола апелира до граѓаните да бидат внимателни во телефонска комуникација за лажни сообраќајни несреќи

„Во текот на изминатите денови и денеска во СВР Битола стасуваат пријави од измамени граѓани, а во врска со наводни сообраќајни несреќи во кои се учесници наводно блиски членови на семејството и плаќање на големи суми. СВР Битола апелира до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 и 192 или во најблиската полициската станица“, се наведува во соопштението од СВР Битола.

Поврзани содржини