СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(44) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено снимање“.
На 30.04.2020 во 16.15 часот, на регионалниот пат Дебар – Струга, во с.Отишани, од полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Џепиште, бил затекнат З.Н., кој управувал товарно возило „фиат“, и со својот мобилен телефон вршел неовластено снимање и фотографирање на службените лица при преземање службени дејствија, по што му бил одземен мобилниот телефон и бил приведен во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Џепиште.