БИТОЛЧАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ДВЕ ДЕВОЈКИ И двете жртви го оттурнале и се ослободиле, а тој побегнал од местата на нападите
Лани најголем дел од пријавените случаи биле регистрирани во Скопје, 47 случаи, а во Битола 25, по што следува Штип со 17 случаи. Во однос на видот, најбројни се кривичните дела „силување дете кое не наполнило 15 години“, вкупно 34 случаи.
Приведен е 23-годишен битолчанец, осомничен за обид за силување во Битола. Тој е осомничен дека извршил полов напад и силување врз две девојки. Основното битолско обвинителство побара од Судот да му одреди мерка притвор од 30 дена.
„Против него е поведена постапка бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаја успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот“, соопшти Основното битолско обвинителство.
Обвинителството вели дека затоа што се работи за кривично дело против половата слобода и моралот, како и дека постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложил определување притворска мерка.
Според полициската статистика минатата година биле приведени 125 сторители на 130 кривични дела од областа на дела против полова слобода и полов морал.
Лани најголем дел од пријавените случаи биле регистрирани во Скопје, 47 случаи, а во Битола 25, по што следува Штип со 17 случаи. Во однос на видот, најбројни се кривичните дела „силување дете кое не наполнило 15 години“, вкупно 34 случаи.
Потоа се „полов напад и силување“, 33 кривични дела извршени од 29 сторители. Во овие кривични дела влегува и кривичното дело „полово вознемирување“, со што вкупниот број на пријави изнесува 21 и задоволување полови страсти пред друг – 16 пријави.
Според полициската статистика, лани биле пријавени 41 случај повеќе од претходната 2022 година.