БИТОЛЧАНЕЦ Е ПРВИОТ МИЛИОНИЕР ВО НОВАТА ГОДИНА Празничната добивка „Ројал“ џекпот е вредна 8,9 милиони денари
Битолчанецот А.В. славенички ја започна 2026 година и стана уште едно име во низата големи среќни приказни на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој освои празничен „Ројал“ џекпот вреден 8.933.795 денари.
– Имам освоено повеќе добивки, но ова беше вистинско изненадување. 2026 започна навистина убаво. Ќе си купам стан во Битола. Сега е вистинско време за радување – раскажа среќниот добитник со насмевка на лицето.
Добивката „Ројал“ џекпот е освоена во „Златна копачка“ во Битола на 02.01.2026. Ова е четврта освоена „Ројал“ џекпот добивка, во рамки на актуелниот празничен период. Првиот е освоен на 08.12.2025 во Струмица, вториот во Охрид, вреден 10.641.052 денари и третиот е освоен на 27.12.2025 во Скопје, со рекордна вредност од 11.225.392 денари.
Покрај „Ројал“ џекпот, активни се и добро познатите џекпот добивки – Милионер и Мини Џекпот. Побарајте ја најблиската ВЛТ локација, уживајте во празничната магија и забавувајте се одговорно, апелираат од Видеолотарија Касинос Австрија.