БИТОЛА ГИ ВИДЕ ЅВЕЗДИТЕ ОД ПСЖ Еурофарм Пелистер поразен од францускиот тим во ракометната Лига на шампионите

Во првиот натпревар од Лигата на шампионите годинава, македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во Битола загуби од францускиот гигант ПСЖ со 25-31, во следното коло му гостува на Кил.

1,065

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на домашен терен беа поразени од францускиот Пари Сен Жермен со 25-31, во продолжението од Лигата на шампионите.

Ѕвездениот тим на ПСЖ беше пресилен за македонскиот шампион и се освен нивна сигурна победа ќе беше рамно на спектакл.  Францускиот тим кој од клупата го предводи поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес ја потврди фаворитската улога и во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта и на резултатот. По првото полувреме, гостите имаа водство од 9-15, а во исто темпо продолжија и во вториот дел и очекувано славеа победа.






– Задоволство е да се биде тренер на овој клуб, да се води оваа група на играчи и да ја чувствувате енергијата на нашите навивачи. Искрено, на крајот се уверивме во јачината на секој поединец на ПСЖ. Би сакал кога веќе е пораз, да биде подостоен. На крајот мислам дека можеби можевме и пониско да загубиме, доста промашивме. Не знам дали е до нашата концентрација или квалитетот на противничките голмани. Во првиот дел Јаник Грин имаше 10 одбрани, а  во второто полувреме влезе и Паличка со 5-6, екипа која има такви поединци е тешко да се победи. Одигравме натпревар во кој сум горд на моите ракометари. Бевме подобри од дуелот со Вардар, ама разликата во квалитетот беше видлива – изјави тренерот на Еурофарм пелистер, Бранислав Ангеловски.

Еурофарм Пелистер ќе има тешка задача и во следното коло во ЛШ во кое му гостува на германскиот гигант Кил.

 

Поврзани содржини