БИТОЛА Е УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГРАД Кондовски има план како да се обнови брендот

Постои потребата од унапредување на образовните програми во функција на продукција на кадри соодветни на побарувачката на пазарот на трудот, развивање програми за практиканство за студентите во локалната самоуправа, но и насочување на практиканти кон оние сектори во стопанството каде што тие кадри се најпотребни, порача Христо Кондовски.

469

Само силна соработка помеѓу локалната самоуправа, бизнис секторот, битолскиот универзитет и централната власт може да го обнови брендот на Битола како универзитетски град, порача бизнисменот Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.

– За ова прашање, не само што ќе бидам отворен за соработка, туку и силно ќе лобирам во правец на ставање на овој линк во функција на развој на градот. Ова денеска го истакнав на средбата со деканот на Техничкиот Факултет во Битола, Стојанче Нусев, со професори од оваа високообразовна установа, со пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и со носителот на советничката листа на СДСМ, Александар Димовски. Разговаравме и за потребата од унапредување на образовните програми во функција на продукција на кадри соодветни на побарувачката на пазарот на трудот, развивање програми за практиканство за студентите во локалната самоуправа, но и насочување на практиканти кон оние сектори во стопанството каде што тие кадри се најпотребни – порача Кондовски.

Поврзани содржини