БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ ЦЕНТАР ЗА ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Коњановски вети и субвенции при вработување

Гарантираме воспоставување социјално покровителство - патронажа која ќе им доставува услуги на возрасните наши сограѓани во нивните домови, заедно и во силно партнерство со граѓанските организации, порача Коњановски. 

155

Гарантираме дека социјалната заштита ќе ја организираме според применети практики и искуства од европските градови, а социјалните услуги ќе ги моделираме според егзистенцијалните потреби на секој поединец, изјави д-р Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола.

– Гарантираме воспоставување социјално покровителство – патронажа која ќе им доставува услуги на возрасните наши сограѓани во нивните домови, заедно и во силно партнерство со граѓанските организации. Гарантираме формирање Центар за работа со деца со попреченост. Гарантираме Формирање кризен центар за деца и жени – жртви на семејно насилство и воспоставување СОС телефон за жртви од насилство – рече Коњановски.






Според него, на Битола ѝ е неопходна и програма „Асистенти за независен живот“, помош за сите на кои им е потребна.

– Гарантираме субвенционирање при вработувањето жени од ризични и социјално ранливи категори, обезбедување услови за нормален живот, а новата локална самоуправа ќе биде вистинска поддршка за оваа категорија наши сограѓанки. Тоа им го должиме и мора да им помогнеме. Гарантираме обука за негователки на лица во домашни услови и сакаме да напоменеме дека даваме цврста гаранција, дека посебно внимание ќе обрнеме во вклучувањето во обуките на самохраните мајки. И на крајот, гарантираме дека конечно ќе го ставиме во функција Економско – социјалниот совет, кој ќе биде наш вистински партнер во менувањето на социјалната структура во општина Битола. – порача Коњановски.

Поврзани содржини