БИТКОИН Ѝ JA ТРОШИ СТРУЈАТА НА ЕУ Унијата има план како да возврати
Кога Кина неодамна ги забрани криптовалутите, тамошните рудари го преместија своето „злато“ во земји богати со обновлива енергија од ветрот и сонцето, како Шведска и Норвешка. Ќе биде иронично ако енергијата од сите ветерници покрај шведското крајбрежје отиде во Биткоин, вели Ерик Теден, екретар на шведската управа за финансиски услуги.
За да ископате еден биткоин ќе потрошите струја како да возите една средно-голема електрична кола цели 1,8 милиони километри, проценуваат од Универзитетот во Кембриџ. Ова ја загрижува Европската Унија која зимава не само што има недостаток од струја, туку ги укина и штетните комбинати на јаглен, нафта или нуклеарните централи за да произведува „зелена“ енергија од ветерници и соларни панели, jавува ФајненшлТајмс.
А сега и таа преостаната „зелена“ енергија ја цицаат биткоионот и етереумот – двете најуспешни криптовалути. Приказната со рударењето крипто на Косово кое направи земјата да биде во мрак, важи и за Шведска. Таму регулаторите се мислат како да ги забранат криптовалутите, а притоа тоа да не биде толку голема штета за самите копачи. Покрај сè, тие за една година трошат струја повеќе од државата Норвешка, или една Аргентина, велат новите процени.
Европските регулатори ќе го возвратат ударот, но нема целосно да ги забранат криптовалутите. Еве како.
Доказ за работа и доказ за удел
Рударењето со крипто се врши на два начина. Првиот е Доказ за работа. Тоа е кога вашите процесори дома решаваат сложени криптографски загатки, а со доказ за решениот проблем добиваат дел од искована монета. Вториот начин како криптото работи е преку Доказ за удел. Овој е нов систем кој преку случајно избирање им дава нови средства на копачите.
Во првиот случај, загатката што корисникот треба да ја одгатне одзема многу време, но давателот на услугата брзо може да провери дали работата е точно извршена. Затоа е измислен вториот метод. Во Доказот за удел, копачите вложуваат одреден број на монети за да може да валидираат нови блокови, односно нови средства. Валидација се врши случално, на рандом. Сепак, вака се заштедува многу, многу струја.
– Решението е да се забрани (првиот) модел, Доказ за работа. Доказите за енергетскиот профил на уделот (од вториот метод) се многу помали – рече Ерик Теден, секретар на шведската управа за финансиски услуги и претседател на одржливи финансии во Iosco.
Нè чекаат нови блокчејн-технологии, да ги забраниме старите
Според Blockchain.com, рударството стана многу профитабилен и конкурентен бизнис кој всушност тргува со компјутерска моќ. Кина го забрани овој процес во мај, но активностите се широко распространети низ целиот свет, а сега има неколку компании на берзата фокусирани на оваа практика, како што е канадската Hut 8.
– Треба да зборуваме за тоа дека индустријата се движи кон поефикасна технологија и треба да имаме на ум дека финансиската индустрија и многу големи институции моментално се активни на пазарот на криптовалути – рече Теден, додавајќи дека не инсистирал на вкупно забрана на криптовалутите.
Кинеските рудари го преместија „златото“ во Шведска
Кога Кина неодамна ги забрани криптовалутите, тамошните рудари го преместија своето „злато“ во земји богати со обновлива енергија од ветрот и сонцето, како Шведска и Норвешка. Тоа дополнително ги оптовари нивните струјни мрежи.
– Биткоинот сега е национално прашање во Шведска поради количината на обновлива енергија што ја троши рударската индустрија. Ќе биде иронично ако енергијата од сите ветерници покрај шведското крајбрежје отиде во Биткоин – вели Теден.
Всушност 0,6 отсто од целата струја во светот се троши на копање криптовалути.