БИТКАТА ЗА „ТРЕСКА“ ПРВ ПРЕДИЗВИК ЗА НОВАТА ВЛАСТ ВО НАЈУРБАНАТА ОПШТИНА Шанса за Центар удри по Герасимовски

Шанса за Центар во борбата за советите доби 1 претставник во Советот на Град Скопје и 2 во Советот на Центар. Според објавите на Фејсбук, Јана Белчева и Шанса за Центар влегуваат во кампања против Горан Герасимовски.

1,173

„Како ќе живеат 5.000 луѓе на простор предвиден за 1.500? Зошто ниту една институција не се охрабри да го спаси градот од оваа катастрофа? Ниту Уставен, ниту Министерството за транспорт тогаш водено од СДСМ? Дали конкурсот можеше да поправи нешто? И зошто актуелниот градоначалник не го спроведе конкурсот кој е одлука на Советот!?“

Ова прашање го поставува иницијативата Шанса за Центар, која во борбата за советите доби 1 претставник во Советот на Град Скопје и 2 во Советот на Центар.






Јана Белчева го актуелизира прашањето за планот „Треска“, кој кој се релизира на 30.000 м2 и според Шанса за Центар, „не соодветствува со Генералниот план за градот, па наместо 1.500 жители на локацијата се овозможува да се населат повеке од 5.000 жители“.

Шанса за Центар вели дека градоначалникот Горан Герасимовски потенцирал дека не продава државно земиште и тврди дека „за реализација на планот приватизирани се неколку илјади квадрати државно земјиште“.

„На местото каде по планот е предвидено јавно зеленило од 7.000м2 се наоѓаат објекти од 2.000 м2 корисна, но легализирана површина, кои Општината треба да ги откупи за да го реализира единственото зеленило. 1.200 м2 од тие обекти се во соственост на инвеститорите на Треска, кои дополнително можат да се офајдат со дополнителни 960.000 евра. Обидот тоа да се избегне иницирано од Шанса за Центар во актуелниот момент не беше подржано од градоначалникот“, се тврди во постот на Фејсбук.

Поврзани содржини