Битката со коронавирусот ја загуби 54-годишна советничка од општина Крушево

Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево - вели градоначалникот Томе Христоски.

1,415

54-годишна советничка на општина Крушево, наставничка и работник за влашката култура во Крушево попладнево ја загуби битката со корона вирусот.

Веста ја потврди градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку фејсбук статус во кој напиша:






– Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот. Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот.

Поврзани содржини