БИТКА СО ОГНЕНАТА СТИХИЈА ЗА БЕРОВСКО МАЧЕВО Во опасност се неколку куќи
Три хеликоптери (еден наш и два српски) се упатени кон беровското село Мачево каде ситуацијата ескалира и се појавува опасност за неколку куќи. Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско / делчевско / беровско) се додека има доволно дневна светлина, вели дирењкторот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, на својот „Фејсбук“ напиша дека ситуацијата во село Мачево ескалира, и дека пожарот се заканува на неколку куќи.
Тој напоменува дека три хеликоптери се упатени во тој регион.
„Три хеликоптери (еден наш и два српски) се упатени кон беровското село Мачево каде ситуацијата ескалира и се појавува опасност за неколку куќи. Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско / делчевско / беровско) се додека има доволно дневна светлина“, напиша Ангелов.
Пожарникари, војници и доброволци цел ден водат битка со огнената стихија која се закануваат да го проголта селото Мачево во близина на Берово. Силниот ветар и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарите.
Според информациите, од селото се веќе евакуирани некои постари жители и деца, а останатите се вклучени во гаснењето на пожарот.