Битиќи: Светска банка потврди дека владата создава решенија за брзо опоравување од кризата

Тој нагласи дека Светската банка во извештајот прогнозира дека земјите од нашиот регион ќе се соочат со рецесија и оти регионалниот раст на Западен Балкан се предвидува да биде меѓу минус три и минус 5,6 процентни поени.

325

Владата од почетокот на пандемијата со ковид-19 активно работи на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на Буџетот и е посветена на создавање решенија за брзо закрепување од економските последици предизвикани од коронавирусот. Сетот на првите и вторите креирани мерки во суштина е насочен кон поддршка на приватната и јавната потрошувачка и раст на реалниот сектор, изјави денеска советникот на премиерот Фатмир Битиќи.

Тоа, како што рече, го потврди и Светска банка во најновиот Редовен економски извештај за земјите од Западен Балкан во кој се нотира дека нашата држава најдобро се справува со кризата предизвикана од коронавирусот во земјите од регионот.






– Навремената првична реакција на Владата беше многу важна за ублажување на ударот врз здравствениот систем со цел подготвено да се одговори на предизвикот кој со себе го донесе пандемијата. При креирањето на владините политики првенствено се водеше грижа за јавното здравство како врвен приоритет, но се презедоа и чекори за намалување на економските последици и за побезболно враќање во нормалниот ритам на животот – рече Битиќи.

Тој нагласи дека Светската банка во извештајот прогнозира дека земјите од нашиот регион ќе се соочат со рецесија и оти регионалниот раст на Западен Балкан се предвидува да биде меѓу минус три и минус 5,6 процентни поени.

–  Според највновите проекции на Светската банка се проценува дека Република Северна Макледонија најдобро се справува со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот. А токму поради одмерените чекори на Владата ќе претрпиме најмала штета во регионот и се проценува дека нашата економија ќе забележи пад од 1,4 до максимум 3,2 процентни поени. Црна Гора се очекува да се соочи со пад од 5,6 проценти кој во случај на продолжување на пандемијата до крајот на летото би бил 8,9 проценти, Србија се проценува дека ќе има негативна стапка од 2,5 до 5,3 проценти, Албанија ја очекува негативна стапка од 5, односно 6,9 проценти, а Косово пад на БДП од 4,5 проценти до 11,3 проценти –  посочи Битиќи.

Тој нагласи дека владата прави максимални напори со директно вбризгување на ликвидност во економијата последиците од економско-здравствената криза да бидат колку што е можно помали преку мерките со кои се поддржува стопанството, пензионерите и земјоделците, кои, како што рече, се во насока на зголемување на потрошувачката која директно влијае на полнењето на Буџетот и растот на БДП.

 

Поврзани содржини