Битиќи: Системски работиме и јавните институции да бидат дел од Законот за финансиска дисциплина

510

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со долгот на државата од околу 300 милиони евра кон стопанството и како тие средства ќе се исплатат кон компаниите, Битиќи истакна дека долгот е значително намален од 2017 година кога тој изнесува околу една милијарда евра.

– Се согласувам дека средствата не се мали, секако ние сме свесни во овој момент на криза подмирувањето на договорните обврски е едно од највисоките приоритети и во ребалансот на Буџетот, ние укажавме дека ќе се поддржат сите буџетски ставки и сите интитуции кои што директно се во кореалација со приватниот сектор и услужниот сектор. Сите сме свесни за тоа и сметам дека проблемот треба системски да се реши, и наредните години ќе работиме токму на тоа, а тоа е како ќе можеме не само приватниот сектор да биде дел од Законот за финансиска дисциплина, туку и јавните институции – вели Битиќи.






Тој додаде дека ова треба да се промени, кое што беше правило во изминатите 30 години, кога приватните компании имаа проблеми при наплатата на долговите од државата, поточно од јавните институции.

Поврзани содржини