🎥 БИТИЌИ ПРИЗНА ДЕКА СДСМ НЕМА ДА БИДЕ КОНКУРЕНТНА ПАРТИЈА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ Лефков тврди дека Филипче ја движи партијата кон исчезнување

0

Пратеникот Фатмир Битиќи призна дека СДСМ нема да биде конкурентен на следните избори, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Поранешниот вицепремиер во Владата и потпретседател на СДС, Фатмир Битиќи, отворено кажува дека СДС немаат никакви шанси за добар резултат на следните избори кога и да бидат. Додека од една страна, Филипче бара предвремени избори, Битиќи и останатите видни членови на СДС се против одржување на истите. Наместо реформи и кадровски промени во СДС, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување – рече Лефков.






Според него, ова е уште една потврда на добрата политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на недовербата од страна на граѓаните кон СДСМ.

Поврзани содржини