Битиќи: Прагот на задолжување од 60 отсто од БДП при пандемија треба да се заборави

Вицепремиерот за економски прашања тврди дека државата има уште простор за задолжување.

639

Вицепремиерот за екномски прашања смета дека земјава има уште простор за задолжување.Тој како што рече, ќе го потпише секое задолжување кое оди во прилог на средување на состојбата со пандемијата и е во прилог на граѓаните.

– Навистина во моментот ние гледаме како на најрационален начин да ги искористиме парите кои ги имаме на располагање. Но, ќе треба нешто и да се засолжиме. Ќе потпишам секакво задолжуани што ќе оди за граѓаните. Само да заврши пандемијата. Во април сите ќе кажеме дека било правилно да се задолжиме – рече Битиќи.






Според него има простор за задолжување

– Магичниот праг од 60 отсто од БДП донесен во Мастрихт во услови на пандемијата траба да се заборави, И ако има потреба може да се надмине тој праг. Ние имаме простор да се задолжуваме уште –  рече Битиќи.

 

 

Поврзани содржини