БИТИЌИ КОНТРА ГРАДЕЖНИЦИТЕ И СИНДИКАТОТ Повеќе од 650 милиони евра одат за домашните бизниси од изградбата на коридорите 8 и 10Д

Вицепремиерот за економски прашања вели дека Коридорот 8 е ставен во паневропските коридори, што значи дека за прв пат Европската Унија може да ни дава финансиски средства за изградба на патиштата за што може да аплицираме секоја година.

851

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека со изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10д, домашните компании ќе инкасираат 650 милиони евра.

– Во договорот стои дека 51% мора да бидат домашни компании како изведувачи и кога договорот е 1,3 милијарди евра, тоа значи дека 650 милиони евра ќе завршат кај домашните компании – изјави Битиќи во емисија на радио „Канал 77“.

Тој додаде дека никаде експропријацијата на земјиштето не се вклучува во тендерската документација.

Битиќи рече дека Коридорот 8 е ставен во паневропските коридори, што значи дека за прв пат Европската Унија може да ни дава финансиски средства за изградба на патиштата за што може да аплицираме секоја година.

Поврзани содржини