Бислимоски за МИА: Не очекувам било какви проблеми во енергетскиот сектор при евентуален втор бран на ковид-19

252

Претседателот на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски во вторник ќе претседава со Состанокот на бордот регулатори на Енергетската заедница (ЕЗ) во чиј фокус ќе бидат начинот на кој регулаторните тела во земјите членки на ЕЗ се справиле со кризата предизвикана од коронавирусот, како и продлабочувањето на соработката помеѓу регулаторните тела во регионот и начинот на формирање на заеднички пазари на електрична енергија и на природен гас. По тој повод МИА направи интервју со претседателот на РКЕ.

Во вторник во Атина треба да се одржи 45.Состанок на бордот регулатори на Енергетската заедница со кој треба да претседавате Вие. Дали ќе патувате во Атина или состанокот ќе се одржи онлајн поради проблемите со коронавирусот?






– Имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот овој состанок ќе биде прва средба на Бордот на регулаторни тела во рамки на ЕЗ која ќе се одржи онлајн и ќе биде прв состанок кој јас ќе го претседавам како новоизбран претседател на Бордот на регулаторни тела на ЕЗ.

Верувам дека тоа ќе биде ново искуство и за мене како претседател на Бордот на регулаторни тела, но исто така и за Енергетската заедница за еден нов начин на функционирање на Бордот на регулаторни тела во рамки на ЕЗ. Очекувам оваа пракса, доколку има потреба и по стивнувањето на оваа криза, дека ќе можеме да ја реализираме и во наредните години – вели Бислимоски.

Целото интервју ТУКА

 

Поврзани содржини