БИСЛИМОСКИ ИСТОВРЕМЕНО ЌЕ ШТЕДИ СТРУЈА И ЌЕ ТОПИ КИЛОГРАМИ Претседателот на РКЕ денеска се искачил по скали до канцеларијата
Претседателот на РКЕ рече дека сите мерки на владата за штедење на струјата ќе се применуваат во комисијата.
Претседателот на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на пластичен начин кажа дека Регулаторната комисија за енергетика се вклучува во мерките за штедење на владата.
– Јас денеска дојдов на работа по скали. Имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате светлото е ограничено, немаме пуштено ладење. Сите мерки кои ги донесе владата за штедење на електричната енергија ќе ги преземеме. Овие мерки не ги презема само земјава туку регионот и цела Европа. Затоа мислам дека секој треба да се вклучи во штедењето за да може владата да обезбеди поевтина струја за граѓаните – рече Бислимоски.
Канцеларијата на претседателот на РКЕ се наоѓа на шестиот кат.