Бишлиоска: Многу медицински сестри ќе заминат и ќе ги пополнат испразнетите места во болниците во Европа

1,003

Секојдневни имаме известувања од многу болници ширум државата каде што медицинските сестри пред се во овие услови на пандемија заминуваат од јавното во приватното здравство и тоа го знаеме сите ние посебно во нашата фела, дека голем број на медицински сестри и во текот на пандемијата значи заминаа за подобри услови за работа во приватното јавно здравство, од незадоволства и многу разно разни причини, вели Гордана Бишлиоска од здружението на медицински лица „За нас“ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Бишлиоска посочи дека има сознанија дека голем број на медицински сестри се спремаат да ја напуштат државата и да ги потполнат испразнетите места на здравствените установи во регионот и Европа, додавајќи дека дефицит од медицински сестри е глобален проблем.

Поврзани содржини