🎥📸 БИСЕРО, ЕВЕ ГИ СМЕТКИТЕ, СИ АРЧЕЛА НАРОДНИ ПАРИ! Аферата „Бисера Антоанета“ потврдена со сметки доставени со патниот налог на министерката за култура

Поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, за време на нејзино четиридневно патување во Лондон лани во октомври, трошела пари, а со патниот налог доставила и сметки  од чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги платила со народни пари.

2,146

„Бисера Антоанета со патниот налог до сметкводство во Министерството за култура ги доставила и сметките кои ги покрила со народни пари. Од истите може да се види дека со буџетски пари плаќала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња“, изјави пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.






„Бисера Антоанета“ е името на аферата што ја покрена ВМРО-ДПМНЕ за луксузните трошоци направени на државен трошок од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, за време на нејзино четиридневно патување во Лондон.

Лефков приложи сметка за купен куфер „Samsonite Crossover 9.7“ од 59 фунти. Сметката е со нејзин потпис и е доставена лично од „Бисера Антоанета“ до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата.

Бисера Антоанета куферите ги купила на 26 октомври 2023 година и тоа се гледа од сметката каде како купувач е запишана таа, на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.

Следната сметка, од 219 фунти е за поголемиот куфер „Samsonite Upscape spiner“. На оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и се гледа дека шопингот го направила на 26 октомври 2023 година.

– Само да нотираме дека Антоанета се правда со некакви изводи од плаќање од 25 октомври, т.е. ден претходно. Чии се сметките од 25 октомври воопшто не не интересира. Тема на интерес е тоа што Бисера Антоанета го однела во Министерството за култура, со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис – нагласи Лефков.

Тој ја приложи и сметката од „Gift Galore London“, од 89 фунти, од каде „Бисера Антоанета“ си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football.

– „Бисера Антоанета“, на лагите ѝ се кратки нозете. Народот може да ги види сметките од твоето трошење со негови пари, сметки кои потоа си ги однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошеното. Имај трпение Антоанета, ова е само почеток, утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси – порача Лефков.

 

Поврзани содржини