БИСЕРА АНТОАНЕТА НЕ САКАЛА ДА ПАТУВА СО АВТОМОБИЛ ДО ЦЕТИЊЕ Поранешната министерка за култура го ангажирала владиниот авион и поарчила 1.700 евра

Бисера Антоанета многу чудно, но очигледно тактизирала со 12-те дена пред настанот кога бил стигнат дописот за истиот. Па така правејќи се дека не знае издејствувала авион за два дена за да патува до Цетиње во Црна Гора, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

739

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска не сакала да патува со автомобил до Цетиње во Црна Гора и ангажирала авион за 1.700 евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение со нови детали од скандалот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат:






„Чорапи, хулахопки, мечиња, топки, ручеци, вечери, изнајмување на станови, шетање на пријателки, па и авионски карти кои не се користени… За сето ова и за многу други работи Бисера Антоанета трошела народни пари без воопшто да не ѝе  гајле дали ја претставува државата. Очигледно единство ѝ било приоритет да се грижи за личните интереси и за личниот џеб. Бисера Антоанета никако не сопирала со нејзината алчност и непромисленост. Бисера Антоанета одела дотаму што ангажирала владин авион за пат до Црна Гора поточно во Цетиње. Бисера Антоанета многу чудно, но очигледно тактизирала со 12-те дена пред настанот кога бил стигнат дописот за истиот. Па така правејќи се дека не знае издејствувала авион за два дена за да патува до Цетиње, Црна Гора. Бисера Антоанета за таа цел платила 102.347 денари или околу 1.700 евра кон владината Служба за општи и заеднички работи. Инаку поканата во кабинетот на Бисера Антоанета стигнала на 2 декември 2022 година, а таа реагирала по 12 дена. Зошто само таа знае, но јасно се надѕира зошто е тоа така. Но, јасно е и дека таа можела да замине со службено возило што е многу поевтино. Бисера Антоанета треба да одговори на многу прашања, за хулахопките, мечињата, неискористените авионски карти, како и за ова патување на толку кратка релација. Бисера Антоанета е само еден од многуте случаи од СДСМ. Со детали за расипничкото однесување продолжуваме и денес“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во претходните денови ВМРО-ДПМНЕ објави дека освен трошењата во Виена каде 4 дена отседнала во луксузен стан, Бисера Антоанета проарчила авионски карти за Лондон и за Дубаи, а парите пропаднале бидјеќи таа не отишла на патувањата.

НЕ САМО ЗА ДУБАИ, „БИСЕРА АНТОАНЕТА“ ПРОАРЧИЛА СКАПИ КАРТИ И ЗА ЛОНДОН Екс-министерката не отпатувала, парите пропаднале, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани содржини