Биро за развој на образованието: Советниците не се на одмор, работат од дома на скратената наставна програма

Советниците велат од Бирото, моментално работат и на подготовка на видео содржини за септември и октомври заедно со дел од наставниците, а потоа ги верифицират и истите се поставуваат на порталот ЕДУИНО.

749

Бирото за развој на образованието тврди дека  поради здравствената криза  ипредизивиците со коишто се соочува образованието, а особено во изнаоѓањето на најсоодветни начини за отпочнување на новата учебна година, советниците оваа година не користат годишен одмор.

– Заради законската обврска тие имаат решенија за користење на годишен одмор од 10 работни дена, но и покрај тоа тие се ангажирани и работат од дома. Една од обврските што ја имаат е изработувањето на скратените наставни програми за сите наставни предмети од основното образование, гимназиското образование, уметничкото образование и општообразовните предмети во стручното образование – велат од Бирото.






Оттаму додаваат дека скратените програми се изработени и истите ќе бидат доставени во МОН на усвојување  иако според сите досегашни насоки и протоколи јасно е дека нема да се работи според скратени програми, бидејќи согласно постоечките закони тие се изработуваат за вонредни состојби и настава којашто е во траење од 100 дена.

– Во текот на целиот летен период Бирото за развој на образованието активно е вклучено во изработка на истражувања и изработка на документи значајни за успешно организрање и реализирање на наставата и учењето – додаваат од Бирото за развој на образованието.

Советниците велат од Бирото, моментално работат и на подготовка на видео содржини за септември и октомври заедно со дел од наставниците, а потоа ги верифицират и истите се поставуваат на порталот ЕДУИНО. За основно образование изготвени се 60% од назначените содржини за септември, во средно гимназиско образование 50% и во средно стручно образование 30% изработени/снимени видео лекции/содржини за далечинско учење/он лајн настава.

 

Поврзани содржини