„БиоНТек“: Можеме да направиме нова вакцина за шест недели во случај на мутација на вирусот
Во принцип, убавината на информациската „РНК“ технологија е во тоа што можеме директно да започнеме со развој на вакцина која целосно имитира нова мутација - рече ко-директорот на компанијата Угур Сахин.
Германската лабораторија „БиоНтек“, која со американската „Фајзер“ ја разви првата вакцина против ковид-19 и која е одобрена во светот, може да произведе нова вакцина за „шест недели“ во случај на мутација на вирусот, како што беше забележана во Велика Британија, изјави ко-директорот на компанијата Угур Сахин.
– Технички сме способни да ја доставиме новата вакцина за шест недели – рече Сахин на прес-конференција во Мајенс, Германија.
– Во принцип, убавината на информациската „РНК“ технологија е во тоа што можеме директно да започнеме со развој на вакцина која целосно имитира нова мутација – рече тој.
Сахин денес го повтори своето верување дека нивната вакцина против коронавирусот делува и на новиот вид откриен во Велика Британија, но додаде дека се потребни нови тестови за да бидат целосно безбедни.
Новиот вид, забележан главно во Лондон и југо-источна Англија во последните неколку недели, предизвика загриженост низ целиот свет поради знаците дека може полесно да се шири. Иако нема индикации дека новиот вид на вирус предизвикува сериозно заболување, многу земји во Европа и на други места имаат ограничено патување од Велика Британија.
– Засега не знаеме дали нашата вакцина е исто така способна да обезбеди заштита од новиот вид, но постои научно голема веројатност дека имунолошкиот одговор предизвикан од оваа вакцина може да влијае и на новите видови на вирусот – рече Сахин.
Тој рече дека протеините во британскиот вид на вирус се 99 проценти исти со преовладувачките соеви, и дека затоа „БиоНТек“ има „научно верување“ дека нивната вакцина ќе биде ефикасна.
Ова ќе се знае точно само кога ќе се заврши експериментот, а за да се добијат податоците ќе бидат потребни околу две недели, рече тој, додавајќи дека веројатноста нивната вакцина да делува е „релативно висока“.
Доколку вакцината треба да се прилагоди за нов вид, компанијата може да го стори тоа за околу шест недели, рече Сахин, иако е можно регулаторите да треба да ги одобрат промените пред да може да се користи вакцината.
Вчера, Европската унија ја одобри употреба на вакцината на „Фајзер“/„БиоНТек“ во нејзините земји-членки. Претходно беше одобрена и започна да се применува во Британија, САД и неколку други земји.