БИМИЛК – СРЕБРЕН ПАРТНЕР НА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ Пронајдете го вашиот Баланс на филмскиот фестивал

Партнерство со Манаки уште еднаш ја потврдува стратешката определба да биде одговорна компанија која активно учествува и придонесува во сите значајни општествени случувања и ја поддржува македонската култура и филмска уметност.

118

Како сребрен партнер на годинешниот Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, БИМИЛК ја носи својата креативна енергија преку брендот Баланс+, кој е синоним за добробит и совршен баланс во секојдневието. Преку оваа уникатна соработка, Баланс+ e дел од секој кадар на фестивалската магија, исто како што тој е дел од секој ваш ден.

Со мотото „Секој ден потребен“, Баланс+ се вклучува во фестивалските активности, инспирирајќи ги посетителите да го пронајдат својот баланс во брзото секојдневие. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во корнерите кои ќе ги создаде Баланс+ и да се инспирираат за подобар, поздрав живот додека ги следат најдобрите кинематографски остварувања од целиот свет.






Фестивалот „Браќа Манаки“ го слави уметничкиот дух и филмската уметност, а со Баланс+, оваа година се славиме и здравата, балансирана исхрана – секој ден, на секоја филмска проекција.

Поддршката на културата и создавањето богато културно наследство се особено значајни за Бимилк. Партнерство со Манаки уште еднаш ја потврдува стратешката определба да биде одговорна компанија која активно учествува и придонесува во сите значајни општествени случувања и ја поддржува македонската култура и филмска уметност.

Поврзани содржини