БИМИЛК НАГРАДУВА ЗА 70.РОДЕНДЕН Мобилни телефони, телевизори, автомобил Тојота
Компанијата Бимилк доделува 70 вредни награди по повод својот 70.роденден, а извлекувањето на главната награда Toyota Corolla Hybrid Hatchback е на 27.јуни
Големата наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“ продолжува да ги наградува сите оние кои уживаат во производите од брендот Битолско и испраќаат СМС со податоци од фискалните сметки. Досега се доделени 28 награди и до крајот на наградната игра, односно, главното извлекување на 27.јуни, преостануваат уште 42, меѓу кои и главната награда Toyota Corolla Hybrid Hatchback.
Бимилк ја организира наградната игра во знак на благодарност кон потрошувачите за дадената доверба и по повод 70 години постоење на компанијата ги наградува верните потрошувачи со 70 вредни награди.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.